Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако веќе подолго време е на најмоќната позиција во светот, претседател на САД, Доналд Трамп уште ја користи секоја прилика за негова шоубизнис промоција и шеретско наметнување во светот на забавата.
Овој пат тој се пошегува за ниската гледаност на доделувањето на Оскарите.
„Најниска гладаност на Оскарите во историјата. Проблемот е што повеќе немаме ѕвезди – освен вашиот претседател“, напиша Трамп на Твитер.
Церемонијата на доделување на Оскарите ја следеле 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број. Првпат доделувањето на Оскарите го гледале помалку од 30 милиони луѓе.
Во САД, Оскарите се често најгледана шоу програма на телевизија по Супер Бол, но годинава тоа не беше случај. Отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го следеа 27,8 милиони гледачи.