Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Веќе со месеци барате работа, но тоа е безуспешно? Секое одбивање е нов удар за човекот и така може да го изгуби ентузијазмот кој го тера напред. Оснивачот и директорката на компанијата WAH Nails, Шармадин Реид, смета дека барањето за работа е исто како да барате партнер.
Ако се јавувате за работа во мала компанија, клучно е да имате искуство во таа индустрија. Првите шест години ја водев компанијата WAH и мислев дека можам да вработувам луѓе од другите индустрии. Тоа можеби функционира во големи компании каде што имаат ресурси за едукација.
„Работодавецот мора да биде спремен да вложи средства за да ве едуцира во индустријата. Со тоа може да се борите на два начини, поточно сами да се едуцирате или на работодавецот да му докажете дека сте упорни и брзо учите“ вели Шармадин.
„Многу е важно да сте информирани за компанијата каде што одите на разгворор. Така ќе успеете да ги воодушевите со конкретни знаење за тоа што работат и која им е мисијата. Ако не ја добиете работата, прашајте ги за повратни информации, односно за тоа кои квалификации ви недостигаат. На тој начин ќе бидете спремни за следното интервју“ додаде Реид.