Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најпосетуваниот музичко-танцов-сценски спектакл, Lord of the dance, на славниот Мајкл Флетли, на 11 април повторно гостува во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Светскотоденс-совршенство се враќа пред македонската публика по 10 години, овој пат претставувајќи ни го НОВОТО ШОУ „ОПАСНИ ИГРИ“, а КАКО СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ОВОЈ ЕКСКЛУЗИВЕН НАСТАН ВО СКОПЈЕ, СО СВОЈ НАСТАП ПРЕД ПУБЛИКАТА
ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ И АНСАМБЛОТ ТАНЕЦ – СВЕТСКИ ДОКАЖАНИОТ АМБАСАДОР НА
МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР КОЈ ВЕЌЕ ШЕСТ ДЕЦЕНИИ ПРЕТСТАВУВА УНИКАТЕН СИМБОЛ НА
МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ!
Веќе шест децении ТАНЕЦ со своите уникатни носии со кои настапува секаде ширум светот претставува ВИСТИНСКИ ПОДВИЖЕН ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ НА
МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО. Националната установа за народни игри
и песни ансамбл „Танец“ е официјано формиран во мај 1949 година, а нивното
прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се
случило 1950 година во Англија на „Интернационалниот фестивал“ во Велс. На оваа манифестација членовите на Танец со изведбата на „Тешкото“ ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда, признание уште повеќе вредно и поради фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Од самиот почеток па до денеска, за успехот на „Танец“ говорат бројните добиени награди и признанија, а „Танец“ ИМА УЧЕСТВУВАНО НА НАД 5.500 КОНЦЕРТИ И ПОДИУМИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СВЕТОТ, ПРЕТСТАВУВАЈЌИ СЕ ПРЕД ОКОЛУ 8 МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ.
Репертоарот на „Танец“ го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски
дела, а како загревање на атмосферата пред настапот на LORD OF THE DANCE, на 11-ти
април со ТАНЕЦ ќе имаме посебна прилика да уживаме во дел од фолклорните
танцови бисери на македонското народно творештво.
LORD OF THE DANCE пак, од 1996 година е НАЈПРОДАВАНАТА ТАНЧЕРСКА ПРИРЕДБА НА
СВЕТОТ која досега има гостувано пред распродадените гледалишта во повеќе од
60 земји. На изведбите, во составот на овој танцов ансамбл настапуваат дури 200
танчери, покрај огромниот број професионалци кои на шоуто се грижат за
сценографијата, светлото, звукот, како и за вкупно 1200 костуми кои ги користат
танчерите. Најдоброто танчерско шоу на светот досега СОБОРИ ПОВЕЌЕ СВЕТСКИ
РЕКОРДИ – ФЛЕТЛИ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ Е ЗАПИШАН КАКО ЧОВЕКОТ СО
НАЈБРЗИТЕ НОЗЕ НА СВЕТОТ, со незамисливи 35 удари во секунда; ШОУТО
СЕ ИЗВЕДУВАШЕ ДУРИ 21 ПАТ ПО РЕД ВО „ВЕМБЛИ“ АРЕНАТА ВО ЛОНДОН. „Lord of the
dance“ важи за сценски спектакл кој го има СИТЕ СВЕТСКИ РЕКОРДИ ВО ПРОДАЖБАТА
НА ВЛЕЗНИЦИ, шоу кое ЗА САМО 10 ДЕНА ИМА ПРОДАДЕНО 250.000 ВЛЕЗНИЦИ на турнејата во
Австралија и кое редовно ја остава публиката без здив, желна за уште повеќе магија.
Сето тоа е доволна причина да не го пропуштите овој музичко-танчерски настан или како што порачува екипата на LORD OF THE DANCE: „_Препуштете се во
прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со
енергија и страст.“
БИЛЕТИТЕ ЗА НАСТАПОТ НА LORD OF THE DANCE СЕ ДОСТАПНИ ПРЕКУ ПРОДАЖНАТА МРЕЖА НА
МКТИКЕТС И ОН-ЛАЈН ТУКА.