Од „ех“ до „АХ“: Овие нешта го делат просечниот секс од оној совршениот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Било кака рутина, особено во сексот, може да го наруши односот помеѓу партнерите.

Иако во неа брачните парови можат многу лесно да слизнат, потребно е да вложат малку труд за да ги задржат страта и возбудата во нивниот интимен однос. Обидот да се запали „стариот оган“ и сексот да се направи што подобар, но притоа да се води сметка за ситниците кои се потребни за заедничко уживање е баланс кој треба да биде целосно испочитуван, пишува Woman’s Day.

Потребна е хемија

И врапчињата на гранките знаат дека за добар секс важна е хемијата, а таа сексуална тензичност помеѓу партнерите може да се почувствува во воздухот. Без тоа, тешко дека може да падне толку добар секс во кој и двајцата беконечно ќе уживаат. Сексот без хемија е нешто како сендвич без добри и квалитетни состојки. Да, ќе го изедеш, но нема баш да уживаш во богатството на вкусот.

Без задржување

Сексот може да биде малку „незгоден“ ако не сте доволно опуштени. Иако станува збор за интимни и романтични моменти, понекогаш може да се случат оние „чудни“ (а сепак, толку нормални и природни) звуци кои ги произведува нашето тело за време на сексуалниот однос. Ако дозволите тоа да ве „закочи“, бидете сигурни дека нема целосно да уживате во сексот.

Чувствуваш дека твојот партнер сака да уживаш

Нема ништо полошо од себичноста и „ладнокрвноста“ во креветот. Таквата незаинтересираност лесно може да се прочита, а тоа го убива расположението и волјата за секс веднаш спласнува. Но, ако и двајцата сте ентузијасти и еднакво сакате да уживате во сексот, тоа е супер предиспозиција за одлично сексуално уживање, без оглед на тоа колку искуство и техника владеете.

Предиграта е важна

И додека едни сакаат што побрзо да дојдат до целта, други сакаат да имаат бавно патување пред што ќе стигнат до конечното одредиште. Лесните и нежни допири, бакнежите и другите техники на заведување пред самата акција за многу жени се доста битни, за да можат во целост да се опуштат и да уживаат.

Исфрлете го зборот „рутина“ од сексуалниот живот

Ако веќе знаеш напамет кога е „вашето“ време за секс, особено ако знаеш како ќе се одвива сето тоа, тешко дека на крајот ќе има многу воздишки од типот „АХ“. Ако не чувствуваш возбуда и тензичност при самата помисла на секс со саканата личност, можеби е време да испробување на нови работи. Можеби е време за експериментирање со некоја нова поза, секс играчки или игра со улоги, со цел да се освежи сексуалното уживање.

WIDESCREEN WALLPAPER

Страст

Ги знаеш оние диви и еротски сцени кои ги гледаме на филмовите, а кои во суштина сите ги посакуваме во нашата спална соба? Е, токму тој дел од сложувалката е потребен за идеален секс и во реалноста.

Важна е комуникацијата и разбирањето

Без оглед на тоа колку се познаваат партнерите, ако се разбираат меѓусебно и комуницираат без пречки, тоа е голема предност и еден од начините за достигнување на врвното задоволство и уживање во сексуалниот живот. Зошто? Затоа што нема постојано да морате да повторувате „дај мрдни ја малку ногата“ или „дај стави го ова тука“, „направи ова или она“. Секако дека некогаш е потребно јасно и гласно да се каже што сакаме, но ако мораш цело време да повторуваш што и како сакаш, тогаш дефинитивно сексот не е ни просечен, а камоли одличен.