Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Директор на шпанска авиокомпанија, Санчез Прието, ја обвини ѕвездата на Барселона, Лионел Меси дека блокира проект за проширување на градскиот аеродром.
Според него, фудбалерот не бил согласен да прелетуваат авиони над неговиот дом, кој е на околу 10 километри од аеродромот „Ел Прат“.
„Очигледно не може да се лета таму каде што живее Меси. Ова го нема никаде во светот, но тука очигледно е така“, изјави Прието за „Марка“.
Се претпоставува дека Меси ги искористил своите врски со еколошките организации за да помогне да го блокира проширувањето на аеродромот.
Имотот на Меси се наоѓа во населбата „Кастелдефелс“, каде соседи му се неколку негови соиграчи, меѓу кои е и неговиот најдобар пријател Луис Суарез.