Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон објави дека се откажува од кандидатурата за премиер на каталонската влада.
Во видео порака Пуџдемон вели:
„Го информирав претседателот на каталонскиот Парламент дека се откажувам времено од кандидатурата за премиер.
Ако се врати во Шпанија, Пуџдемон ќе биде уапсен бидејќи е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт.
Парламентарната група на неговата партија Заедно за Каталонија го предлага за кандидат за премиер Жорди Санчес, лидер кој е исто така обвинет за бунт и е во шпански затвор.
Пуџдемон се наоѓа во егзил во Белгија.