Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рерната на умерена температура и малку трпение додека месето да се испече се гаранција дека ќ имате прекрасен оброк.
Состојки:
1 кг свински бут без коска
150 гр суви сливи без коска
200 гр сланина
3 главици бел лук
5 лажици сенф
3 лажици мед
Кеса зачин за свинско печење
4 поголеми компири
4 моркови средна големина
Припрема:
Излупете го белиот лук, но не сечете го. Сланината исечете ја на танки ленти. Свинскиот бут маринирајте го 4 до 5 часа во зачин мешавината за печење. Маринираниот бут избушете го на 15 места. Во секоја дупка ставете чешне бел лук, сува слика и исчена сланина се додека не го исполнете.
Измешајте го медот и сенфот во помала чинија, па со таа смеса премачкајте го целиот бут. Загрејте ја рерната на 22 степени и печете го бутот пола час до 40 мин, а тогаш намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 1.5 до 2 часа. Во плехот со месо можете да ги печете и компирите и морковите.