Шпанскиот фудбал завиен во црно: Почина легендарниот фудбалер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот шпански фудбалер Енрике Кастро – Квини почина денеска на 68 годишна возраст по срцев удар, објави „Марка“.

Поранешниот голгетер на Спортинг Хихон и Барселона почина во близина на својот дом во Хихон, а итната помош безуспешно се обидела да го реанимира.

Квини во два наврати вкупно 15 години го носеше дресот на Спортинг Хихон (1968-1980 и 1984-1987) и дури пет пати беше најдобар стрелец во шпанското првенство, како и два пати во втора лига.

Четири сезони го носеше дресот на Барселона, во периодот меѓу заминувањето и враќањето во Спортинг, а во текот на својата исклучително богата кариера вкупно постигна 369 погодоци.