Home Живот и здравје Ако сметате дека понеделник е идеално време за започнување диета – не сте во право!

Ако сметате дека понеделник е идеално време за започнување диета – не сте во право!

Без разлика дали се работи за диета или пак вежбање, скоро секогаш одлучуваме понеделник да биде првиот ден т.е денот за промени.

Во викенд се одмараме и во понеделник сме спремни за нови работи. Но, сепак изгледа дека најлошо е да се започне со промени во понеделник, а тоа го потврдуваат и нутриционистите.

Сетете се која ви е целта

Едно истражување покажало дека во викенд најмногу јадиме месо, во петок и сабота јадеме јаглехидрати и пиеме алкохол, и во тој период внесуваме најмногу калории. И со самото тоа мислиме дека понеделник е одличен ден за започнување на промените. Нутриционистот Џејми Мес објаснува зошто оваа теорија е погрешна.

„Најчесто “почнувам од понеделник”, е поприлично опасен начин за започнување на нови навики. Одма размислуваме дека мора брзо да започнеме со промените, а тоа носи до многу нездрави навики“, објаснува Џејми.

Освен тоа, доколку сте имале бурен викенд голема е веројатноста дека нема добро да бидете наспиени, и ќе чувстувате дополнителен замор. Со сето тоа може додатно да му се наштети на телото. Нутриционистот советува: „Сетете се дека пробувате да се храните здраво цел живот, а не само 7 дена.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Сок што треба да се пие секоја вечер за слабеење додека спиете

Според нутриционистот Алекс Сифуентес, консумирањето на овој сок пред спиење помага во сог…