Овие работи никако не ги правете кога ќе замрзнат стаклата и бравата на автомобилот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога ќе дојде зимата и кога снегот го отежнува сообраќајот, на интернет се појавуваат огромен број совети за неопходна опрема, начин на возење и слично.

Но, биде внимателно со некои од тие совети, затоа што може да се погрешни. Следат работи кои никако не смее да ги направите на автомобилот ако стаклата или бравата се замрзнати.

Сами направете течност за одмрзнување – НЕ!

Рецептот е најчесто ваков : литар алкохол, промешан со два децилитри вода и течност за миење садови. Таа смеса ја прскате наутро по стаклата и решен проблем. Неточно! На тој начин единствено ќе го извалкате предното ветробранско стакло, па ќе имате проблем со прекршувањето на светлината. Единствено решение е да купите спреј.

Ако ветробранското стакло е замрзнато полијте го со вода – НЕ!

Ова може да биде многу опасно, затоа што постои шанса стаклото да пукне. Покрај тоа, ако постојат мали оштетувања, голема е шансата дека ќе се прошират со промената на температурата.

Одмрзнете ја бравата така што ќе го загреете клучот – НЕ!

Овој совет се однесува на постарите автомобили кои немаат централна брава. Меѓутоа, ако врел клуч ставите во замрзната врата може да ја оштетите, а тоа значи дека нема да може да го стартувате автомобилот. И за овој проблем постои решение, а тоа е посебен спреј.

Скинете го мразот со платежна картичка – НЕ!

Ако веќе немате гребалка при рака, тогаш најдете нешто од пластика во автомобилот. Затоа што во спротивно ризикувате да ја оштетите картичката, што најверојатно ќе ви одземе многу време и нерви.

Ставете картон на стаклото, така нема да замрзни – НЕ!

Уште една грешка. Ако температурата е под 0, тогаш голема е веројатноста картонот да се залепи за стаклото и вадењето ќе биде прилично мачно.

Заштитете ги бришачите со стар чорап – НЕ!

Ако тоа го направите влакната од чорапот ќе се залепат за гумата. Ако се оштети таа гума, тогаш мора да одите по нови бришачи – додатен трошок.