Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Луис де Велде е 43 годишна вдовица и мајка на две деца, а спиела со дури 80 оженети мажи. Таа тврди дека не жали за ништо.
Таа за Дејли Мејл кажала дека од смртта на нејзиниот маж во 2004 година, живее секој ден „како да и е последен“. И дека нејзиното животно дело е тоа што сексуалноста ја искористува до максимум. „Луѓето би требало помалку да осудуваат и само добро да се сексаат. Животот е прекраток за да се сексате само со една личност“, заклучила таа. И додава дека со аферите започнала неколку години пред да почине нејзиниот сопруг.
Луис вели дека не се срами од својот начин на живот и дека отворено зборува за тоа. Тврди дека луѓето најчесто изневеруваат на „жешки“ датуми како што е Валентајн или Божиќ. Таа исто така смета дека жените се криви за тоа што нивните мажи ги изневеруваат.
„Не е ни чудо што толку мажи ги изневеруваат своите жени. Нормално, очигледно е дека некои мажи можат без секс, па затоа и жените изневеруваат“, вели Луис и додава дека не бара маж со кој ќе го помини остатокот од животот.