Идила за криптовалути: ВАМУ е рајот за копање биткоини


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вредноста на биткоинот продолжува да варира, со периодични подеми и падови. Минатиот викенд паѓаше со динамика од минус 110 долари на ден, па сега вредноста на еден биткоин 9.452 долари со тенденција да опаѓа и натаму.

Сепак, биткоинот повторно ја врати вредноста од над 9.000 долари, а ваквите вести доаѓаат во моментот кога централноазиската земја Узбекистан соопшти дека ги прифаќа биткоинот и криптовалутите.

Трошоците за рударење во Узбекистан се меѓу најниските во светот затоа што оваа земја е водечки производител на електрична енергија.

Неодамнешните студии покажаа дека се очекува Узбекистан да стане еден од главните играчи во криптосветот, како трета најдобра земја за копање криптовалути кога станува збор за трошоците.

Ископувањето и ковењето на еден биткоин чини 1.790 долари, а Узбекистан е еден од најголемите производители на електрична енергија во светот.

Претходно, инвеститорите биле советувани да избегнуваат „играње со ајкули“, како што неформално го нарекуваат тргувањето со криптовалутите, затоа што овој пазар не е сигурен и безбеден поради недостигот на регулација.

„Моментално биткоинот е коцкање. Не гледам како може да подобри чиј било живот“, вели Метју Леско, додавајќи дека доколку не сте експерт, ова се „пеколни времиња“ за вклучување во трговијата со криптовалути затоа што тоа е „играње со ајкули“.