ВМРО-ДПМНЕ се огради од утрешните протести за името, државата и идентитетот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Партијата ВМРО-ДПМНЕ вели дека не се организатори, ниту ги поддржуваат протестите што ќе се одржат утре за зачувување на името, државата и идентитетот.

„Го почитуваме демократското, уставно загарантирано право на протест. Секој може да одлучи да организира или да учествува во кои било протести. Во однос на протестите најавени за утре, не сме организатори, ниту, пак, стоиме зад нив. Кога партијата ќе организира протести ќе ја информира јавноста и ќе ги повика граѓаните на масовност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Утре во 18 часот пред канцелариите на Европската Унија во Скопје ќе се одржи протест под мотото „За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“. Оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија, каде што ќе има повеќе обраќања, по еден претставник од македонските заедници во Германија, Франција, Италија и Швајцарија, Сотир Костов, проф.д-р Виолета Ачковска, Тодор Петров и Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, кои ќе го предводат маршот од ЕУ до Собранието.