Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најновите официјални статистички податоци поврзани со месечните примања на балканските државници откриваат колку плата земаат претседателите на Балканскиот полуостров.
Претседателот на Словенија, Борут Пахор има најголема месечна плата во регионот. Најголеми примања во однос на просечната плата примаат членовите на Претседателството на БиХ. Најниски примања во регионот имаат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и албанскиот шеф на државата, Илир Мета. Ова го покажуваат најновите официјално објавени податоци, кои што ги пренесоа сите медиуми во регионот.
На врвот на листата е словенечкиот претседател Борут Пахор кој има најголема месечна плата во регионот. Како што се наведува во неговиот имот доставен до Изборната комисија, неговите месечни примања изнесуваат 3.322 евра. Повеќе од 3.000 евра изнесуваат месечната плата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и членовите на Претседателството на БиХ.
Централната изборна комисија на БиХ наведува дека членовите на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ примаат 2. 862, 2.874 и 3 .536 евра месечно. Претседателот на Србија има три пати помала плата од хрватските и БиХ соседи. Александар Вучиќ месечно прима 1 .083 евра, што е најмала претседтелска плата во регионот. Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ месечно заработува нето 2. 423 евра. Косовскиот претседател Хашим Тачи, пак, заработува 2.873 евра.
Помалку од 2.000 евра месечно заработуваат македонскиот претседател Ѓорге Иванов (1.250 евра) и на Албанија, Илир Мета (1.425 евра).
Ако ги споредат претседателските примања со просечната плата, апсолутни рекордери се членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, кои примаат седум пати повеќе од просекот во државата. Претседателите на Хрватска, Македонија и Словенија примаат три пати поголема плата од просекот во својата земја, додека претседателот на Србија прима два пати повеќе отколку што изнесува просечната плата во Србија.
Според претходно објавените податоци, најголеми плати во регионот земаат Словенците, а најмали Македонците. Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра, што е зголемување од 1,7 отсто во однос на претходната година. По Словенија е Хрватска, каде според најновите податоци просечната плата изнесува 835 евра.
Следува Црна Гора, во која, според најновите податоци на црногорскиот Завод за статистика, просечната плата последните месеци од 2017 година изнесувала 512 евра. Републичкиот завод за статистика на Србија покажува, пак, дека просечната плата во оваа земја на крајот на 2017 година се движела околу 459 евра.
Најниска просечна плата на Балканот имаат БиХ и Македонија. Во БиХ просечната плата се движи до 440 евра. Според Државниот завод за статистика на Македонија, пак, просечната плата изнесува 377 евра.