Стоби Флипс ја освои вселената – буквално!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште многу одамна ја освоивме Македонија заедно со соседните земји во регионот, прераснавме во бренд кој можете да го најдете во трафика во Мароко, во супермаркет во Квинс или во продавничка во Париз.По повод 40 години од нашето постоење, навистина можеме да кажеме дека Стоби Флипс го има насекаде, порачуваат од Витаминка.

Компанијата Витаминка го лансира Стоби Флипс во вселената со цел да го заземе и последниот простор кој остана недопрен од него. Со ова симболично лансирање на нови и далечни простори се одбележува 40-годишнината од почетокот на производството на омилениот македонски бренд.

„Многу генерации пораснаа со Стоби Флипс, а и ние како компанија растевме и се развиваме паралелно со него. Уште од првото појавување се истакна со квалитет и уникатност, што придонесе веднаш да го освои домашниот пазар. Со одржување на високите стандарди во квалитетот, денес Стоби Флипс не само што е број 1 бренд во Македонија, туку е бренд кој можете да го најдете и во продавница во Мароко, во супермаркет во Квинс или во маркет во Париз. Што значи дека на планетата практично и нема простор каде Стоби Флипс не е присутен, а сега стана и првиот македонски бренд којшто ја освои и вселената. Сега навистина можеме да кажеме дека Стоби Флипс го има насекаде и преостанува во иднина да ги одржуваме високите стандарди за квалитетот на овој производ што самите ги поставивме“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.