Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Четвртото продолжение на играта „Симс“, донесува повеќе новитети со што се зголемува опсегот на нештата кои можете да ги правите со вашите ликови, а нови опции, дополнително, постојано се додаваат.
Еден корисник по име Филип поминал шест месеци обидувајќи се да направи мод, со кој вашите симови ќе може да користат наркотици (марихуана, спид, екстази, кокаин) и тоа влијае врз нивните животи на негативни и позитивни начини.
Авторот на овој мод, истиот го пуштил бесплатно, но од донациите на луѓето кои уживаат играјќи го месечно заработува по 5 до 6 илјади долари, што му овозможува да има повеќе време за дополнување со нови детали, кои овој мод го прават позабавен и попопуларен.