Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Богатиот француски клуб Пари Сент Жермен е во потрага по врвен напаѓач кој ќе биде замена за Едисон Кавани.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ се вклучил во траката за Мауро Икарди и е спремен да плати 110 милиони евра за неговиот потпис.
Икарди во договорот со „нероаѕурите“ има откупна клаузула од 110 милиони евра, што нема да претставува проблем за богатите „светци“.
Наводно ПСЖ веќе постигнал договор со напаѓачот и е спремен да му даде 40 милиони евра за петгодишна соработка.
ПСЖ во Икарди гледа одлична замена за Кавани, кој поради несогласувањата со Нејмар ќе мора да го напушти „Паркот на принцовите“.