БОМБА од Шпанија: Реал веќе го договори засилувањето на деценијата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми Реал Мадрид веќе го договорил најголемото засилување за следната сезона.

Имено, „кралевите“ испратиле понуда од 180 милиони евра плус додатни бонузи за потписот на Хари Кејн.

Според тврдењето на шпанските медиуми, претседателот на „спарси“ Даниел Леви ја прифатил понудата и оставил Кејн сам да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Притоа „кралевите“ се спремни да го направат Англичанецот втор најплатен фудбалер после Кристиано Роналдо.

Тоа значи дека Герет Бејл сирно заминува од „Сантиаго Бернабеу“, а медиумите тврдат дека кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед или Челзи.

Трансферот со вклучени бонуси ќе ја надмине сумата од 200 милиони евра, но „кралевите“ се спремни да ги продадат Герет Бејл и Карим Бензема за да финансираат дел од трансферот.