Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сумата која ја освои Лесноски со неколку комбинирани добитни уплатни ливчиња во спортска обложувалница е импресивна не само во наши услови, туку и на европско, па и светско рамниште.
Четириесет и осумгодишниот прилепчанец Ване Лесноски денеска е главна тема во својот роден град, па и во Македонија, откако синоќа се дозна дека ја има најголемата добивка на спортско обложување од 520.000 евра. И по 12-тина часа од среќната вест се уште е возбуден и со неверување. Го затекнавме на излегување од својот семеен дом. Вели, тргнал да се види со менаџерот на обложувалницата „Моцарт“ каде ги доби парите на спортска прогноза. Откри дека се уште трае возбудата, пренесува А1Он.
– Синоќа кога го чекав резултатот од последниот натпревар во Лигата на шампионите Севиља – Манчестер Јунајтед се тресев во исчекување. Секоја секунда беше голема неизвесност, голема возбуда. Навидум бев мирен. Се трудев да бидам мирен, да ги држам чувствата под контрола. Ми беше како во магла, ама кога го слушнав резултатот, занемев. Опасно е ако не ги контролираш чувствата. Ова не се случува секој ден. Сега, по 12-ина часа уморен сум, исцрпен, ама има време, ќе се одморам, вели среќниот добитник Ване Лесноски.
Тикетите, објаснува Ване, се уплатени уште од јануари.
– Два добитни тикети се. Едниот е уплатен на 23 јануари – двапати, а другиот на 24 јануари – уплатен е петпати. На крајот останаа да ги чекам последните пет натпревари од Лигата на шампиони. Синоќа беше последната Севиља – Манчестер Јунајтед. Седум тикети беа уплатени на вкупна сума од 300 до 400 денари. Некои се по 30, 40, 50 и 60 денари. Скратував по некој натпревар. Оти не смееле да бидат исти, така ми ги објаснија правилата. Оти, ако се исти, само еден исплаќале. А така играм и вообичаено, на мали уплати, некогаш дури само на 20 до 30 денари. Ама еве „упали“ овој пат, рече Лесноски.
Ване вели дека се уште не стигнал да размисли како ќе ги троши парите. Лесноски игра спортска прогноза, но секогаш во мали износи и уплати.
-Често се обидував да стигнам до голема добивка, со поситни уплати. Си велев, ако „падне, нека падне“. Лани, точно ова време (2 март) погодив 25.000 евра. Тоа ми беше најголемата добивка, ама оваа е неспоредлива со ништо. Очигледно овој период од годината ми е среќен, објаснува Лесноски.
Ване Лесноски вели дека се уште е по малку конфузен, нема конкретни планови за трошење, но е неизмерно среќен.