5 потврдени и едноставни начини за одгледување на среќни деца


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тајната за одгледување на среќни деца се наоѓа во многу едноставни работи. Посветете се на децата, но научете ги и на вистинските животни вредности.

И не заборавајте дека децата повеќето работи ги примаат и учат од вас, бидете добар пример за нив. Постојат научни докази за работи кои може да ги правиите, со цел добаро одгледување, пишува Хафингтон Пост.

Одете на работа

Можеби ви е жал да одите на работа затоа што не сакате детето да го оставите само дома. Но, истражувањата покажуваат дека женските деца чии мајки оделе на работа, подоцна во животот полесно најдувале работа и имале подобри работни позиции. Од друга страна пак, машките деца кои биле одгледувани на ваков начин биле повеќе посветени на семејството.

Натерајте го детето да оди во кревет порано

Родителите кои своите деца ги легнувале порано, правеле добра работа. Раното одење во кревет за детето значи подобро емотивно и психолошко здравје. А покрај тоа, детето ќе биде и одморено во скеој момент.

Заборавете на телефонот

Кога сте со детето немојте да мислите на телефонот, како и останатите обврски оставете ги настрана. Родителите кои постојано гледаат во телефонот не се во потполност фокусирани на детето. А еднакво со тоа и детето станува многу понервозно.

Пеете

Едно од истражувањата тврди дека пеењето е многу важно за поврзаноста на родителот и детето, а исто така и го смирува. Покрај тоа, кога детето ќе го слушне гласот на родителот се чувствува добро.

Трчајте со нив

Играњето во блискиот парк е добро поради повеќе причини. Прво, детето ќе ја изгуби вишокот на енергија, и детето ќе биде поактивно во иднина. Активни родители значи исто што и активни деца.