Вака работат двете: Од трансплантација, наместо со ново – си замина со две срца (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Индиец кој бил подложен на пресадување на највиталниот орган во човечкиот организам, срцето, болницата ја напуштил во состојба која веројатно ни на крај памет не ја очекувал.

Индиецот кој требало да добие ново срце со стандардна трансплантација по операцијата си заминал со две срца, бидејќи хирурзите за време на зафатот сфатиле дека срцето од донатор на тинејџерска возраст е премногу мало.

Хирургот Гопала Кришна Гокале поради ваквата ситуација одлучила новото срце да го поврзе со старото срце на пациентот.

Во операцијата која траела седум часа новиот орган бил сместен меѓу срцевата кеса и старото срце на 55-годишниот пациент.

– Двете срца се надополнуваат едно со друго, но пулсираат во различен ритам, истана Гокале.

Ваквиот тип на операции се многу ретки и досега глобално се направени само околу 150 зафати.