Ја отстраниле од лет на „Emirates“ поради менструални болки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во моментите пред полетување на еден авион од авиокомпанијата „Emirates“, Бет Еванс која била во авионот со својот дечко, на момчето му кажала дека почнува да чувствува менструални болки.

Тој разговор го слушнал еден член на екипажот. Тој за тоа ги известил останатите членови на екипажот, а двојката била отстранета од летот.

Девојката болката ја опишала како 1 на скала од 1 до 10, но екипажт одлучил да не ја пушти во авионот, бидејќи во кабината немало присутни лекари.

Парот морал да потроши уште 880 долари на дополнители авионски билети, за кои веќе платиле по 700 долари.

„Бет беше целата во солзи и вознемирена што стјуардесите ѝ поставуваа прашања. Ѝ беше непријатно да зборува з атоа пред сите“, раскажува нејзиниот дечко.

Портпаролот на компанијата истакнува дека благосостојбата на патниците им била на прво место.

„Не сакавме да ја загрозиме здравствената состојба на госпоѓица Еванс во случај да ѝ се влошат болките за време на летот, а таа да не може да добие медицинска помош“, истакна тој.