Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа, во раните утрински часови, од пред судската палата во Скопје, од страна на екипи од ЈП „Улици и патишта“ од град Скопје беше отстранет споменито на Андон Јанев Ќосето.
Од Градот за „Фокус“ велат дека потегот е врз база на извештајот на работната група формирана од Министерството за култура, која констатираше бројни незаконитости при неговото поставување.
Првиот елаборат за објекти од проектот „Скопје 2014“, работната група го достави уште пред неколку месеци до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар. Општина Центар пред извесно време испрати инспектор на лице место, кој констатираше дивоградба.
Отстранувањето на Ќосето, додаваат од таму, не предизвикува вонредни трошоци и дополнителни набавки.