Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секој љубовта ја искажува на различен начин, но делата се секогаш поважни од зборовите. Дури и ако се работи за не многу зборлест тип.
Ова се работите кои укажуваат на тоа дека му значите:
Се појавува на време
Доколку секогаш доцни, тогаш не го цени вашето драгоцено време. А со тоа покажува и дека не му значите многу. Ако секогаш е на време на договореното место значи дека вие сте му во приоритетите.
Важни му се работите кои вас ви се важни
Никогаш нема да ги запостави работите кои ве прават возбудени или тажни. Ќе ја дели вашата среќа и тага.
Поради вас понекогаш ги менува плановите
Не му е проблем да ве земе од работа, ако тој ден не ви се оди со јавен превоз. Со тоа ќе биде дури и почестен.
Планира што ќе правите
Не очекува вие се да испланирате. Понекогаш знае да ве изненади со ненајавени карти за театар или кино.
Ве носи со него на настани
На дружење, фамилијарни вечери и слично…ужива во ваше друштво и ве сака покрај него независно од ситуацијата.
Сака да те покажува
Не е тоа она покажување со кое тој ќе се чувствува добро, туку горд е на вас и сака да ви даде до знаење дека му значите.
Прави планови за иднината
Размислува каде следно може да отпатувате, каде би можело да одите на море и слично. Ако е возбуден поради тоа, тогаш значи дека планира долга врска со вас.
Издвојува време за да ве види
Ви дава до знаење дека му фалите кога не сте заедно и се весели секој пат кога ќе ве види. Не му е проблем да издвои време само за вас.
Се труди во сексот
Колку и да му е важно неговото сопствено задоволство, секогаш обрнува внимание и на вашето. Секогаш ќе се погрижи вас да ви биде добро.
Брзо одговара на пораките
Никогаш нема да помине повеќе од 1 час време, а да не ти одговорил. А и ако поминало, треба да знаете дека навистина има важни обврски.