Home Актуелно Богдан, Дамовски и Арнаудов излегуваат од притвор

Богдан, Дамовски и Арнаудов излегуваат од притвор

Организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски, Богдан Илиевски како и пратеникот Љубен Арнаудов, излегуваат од притворското одделение во Шутка, откако Апелацискиот суд ги прифатил нивните жалби и им ја преиначи мерката притвор во домашен притвор, пренесува Нова Македонија.

На сите тројца ќе им бидат одземени пасошите, како мерка на претпазливост, потврдија од Апелацискиот суд.

Според информациите од судот, куќен притвор е определен и за Јане Ченто, за Иван Цветановски од тогашниот кабинет на спикерот Трајко Вељаноски и за Оливер Радулов од УБК. На сите тројца исто така ќе им бидат одземени пасошите.

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, ќе остане во затворот во Шутка, одлучил судот.

За Горан Ангеловски и Илија Славевски од патриотските здруженија, како и за Сашо Марковски и Вилијам Михајловски, чии жалби Апелацискиот суд ги отфрли. Јохан Тарчуловски, пак, останува во куќен притвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…