Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На штипската улица „Стујеска”, денес наутро во 7.45 часот, беше пронајдено беживотното тело на 62-годишниот Т.Б..
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации, кај 62-годишниот штипјанец констатирани се видливи повреди на главата.
Во моментов од слобода се лишени три лица од Штип во координација со јавен обвинител заради водење информативен разговор.
Крим полиција и јавен обвинител се на терен и работат на расчистување на настанот.
Панајотова вели дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали околу овој случај.