На минус 25 и ветар од 160 км/час – Порше на врвот од француските Алпи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Автомобилскиот гигант „Порше“ ги помести границите на изложбената промоција во автомобилската индустрија, отворајќи продажен салон сместен на 2.300 метри надморска височина на планински врв на француските Алпи.

Специфично за овој изложбен простор е тоа што во него има само еден изложбен примерок – Порше Кајен.

Овој поп-ап салон е сместен покрај ресторанот „Рок“ во зимскиот центар Мерибел, а потенцијалните купувачи на услуга имаат продавач кој одговора на сите прашања во врска со моделите на Порше.

Заинтересираните може да закажат и тест возење, но на друга локација.

Инаку, локацијата на која што се наоѓа ова продажно место има температури до -25 степени, додека често дуваат и ветрови до 160 километри на час.