Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секси нутриционистката со необичен став и пристап кон здравата исхрана, промовира процес на здраво хранење и вежбање на досега невиден начин.
28-годишната Лиен Ворд од Бризбејн сака на луѓето да им покаже и докаже дека „здравото“ не мора нужно да биде тешко, досадно и скапо.
Индустријата за забава ги збунува луѓето
На својот Инстаграм профил, оваа фитнес нутриционистка често ги разбива митовите за слабеење и здрава исхрана. На пример, вели дека нема ништо лошо да ви се случи ако изедете некое слатко или мафин.
„Животот значи пронаоѓање рамнотежа. Од едно слатко нема да се здебелите, а вежбањето успешно го отстранува стресот. Јадете разумно, продолжете понатаму без грижа на совест, следниот оброк нека биде здрав и сетете се дека сте легенда“, им порачува Лиен на своите следбеници.
Ворд смета дека индустријата за забава често е збунувачка. „Здравото не значи броење калории, манијачко вежбање и секојдневно мерење на вагата. Здравиот изглед е различен на различни начини. Моја цел е да ги научам луѓето, особено жените, да си го засакаат своето тело, да го негуваат и секогаш да си ги поместуваат границите“, вели таа.
Нема универзален рецепт
Кога јадете хранливи намирници, телото ќе ви каже кога му е доста од тоа, тврди Ворд. Од друга страна, таа го разбива митот за јадењето тестенини навечер. „Јаглехидратите после 17 часот нема да ве здебелат. Порција тестенини има еднаков број калории и во 17 и во 22 часот“, илустрира Ворд.
Сепак, вели таа, најголем од сите митови е оној дека една диета или еден животен стил се најдобри за сите луѓе на светот. „Не се лажете дека она што им помогнало на вашите пријатели или роднини, ќе биде ефикасно и за вас. Луѓето често прашуваат колку калории јадам јас или колку килограми имам, што е апсолутно неважно. Висока сум 183 см, па тоа што го јадам ќе делува поинаку на мене, а поразлично на некој кој има 153 см. Сите сме индивидуалци и тоа не треба да се заборава“, објаснува Ворд.
Вежбањето треба да се вклопи во распоредот
Таа советува дека редовно треба да наоѓате време за здравје и фитнес. „Сите ние водиме исцрпувачки стилови на живот и никогаш не стигнуваме да направиме нешто за себе. Навечер главно сме толку уморни што најлесно е да си порачате храна на достава и да се оптегнете на каучот. Ги поттикнувам жените да размислуваат за здравјето и фитнесот како за инвестиција во сопствената иднина. Вежбањето вклопете го во својот планер како да станува збор за важен деловен состанок“.
„Луѓето треба да разберат дека никој не може цело време да биде совршен. Ако скршнете од својата диета и потклекнете пред некое парче торта или слатко, не е крај на светот. Вистината е дека една салата нема да ве ослабне и направи поздрави, како што ниту еден оброк брза храна нема да ве здебели“, вели Ворд за Дејли Мејл.