Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес на социјалните мрежи со брзина на светлината се рашири веста за тоа дека почина холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне. Наводно тој боледувал од рак на простата и бил пронајден мртов во својот дом.
Изрази на сочувство, неверување и пораки за збогување со актерот ги преполнија социјалните мрежи, исто како и пред осумнаесет месеци, кога актерот за прв пат беше ,,погребан’’ од одредени портали.
Сепак, како што пренесува британски ,,The Sun’’ Сталоне е жив, а авторот на веста, одреден портал, веќе ги погребал и Николас Кејџ, Анџелина Џоли, Џим Кери и многу други. Во изминатиов период и Балканот беше зафатен од лажни вести за наводна смрт на познати музичари.
Така, неодамна го погребаа Оливер Драгојевиќ, Аца Лукас, Цеца Ражнатовиќ и многу други популарни ликови. Овојпат, како што пренесува британскиот медиум, Сталоне решил да не изглегува во јавност и да докажува дека е жив.