Загрижувачка фотографија: Аралското море е сведено на „една рака вода“!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фотографијата на Аралското море која рускиот космонаут Антон Шкаплеров ја направи од вселената и ја објави на Инстаграм, ја прикажува катастрофалната судбина – неговата вкупна површина во последните неколку години драстично е намалена.

Тој изрази жалење што нивото на езерото на границата помеѓу Казахстан и Узбекистан е катастрофално ниско. Тоа е намалено во последните 50 години поради помалиот доток предизвикан од хидрогеолошките работи на реките притоки Аму Дарја и Сир Дарја.

Водите од овие реки се користат за наводнување на полињата со памук во Казахстан и Узбекистан, а со оглед на тоа дека околу 20 до 60 кубни километри вода годишно се трошат за наводнување, нивото на езерото опаѓа за 20 до 60 сантиметри годишно.

Вкупната површина на езерото од 1960. до сега е намалена за 80 отсто и уништени се речиси сите видови на живот во него.

Поради опаѓањето на нивото на водата во езерото дојде до промени и на локалната клима и изумирање на бројни видови на растенија и животни. Уништена е и риболовната индустрија, а некогашните пристаништа денес се наоѓаат и на 50 километри од сегашната обала на езерото.

Од 1989 година, езерото е поделено на Мало море на север и Големо море на југ, а доколку ништо не биде преземено, се верува дека јужниот дел од езерото ќе исчезене до 2025 година. Со изградба на брана на северот, дојде до раст на нивото во Малото море.

Засега Казхастан е заинтересиран за спасување на својот дел од Аралското море со помош на кредит на Светска банка, додека за Узбекистан производството на памук е позначајно.