Двајца загинати во стравична сообраќајка кај долненско Ропотово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Две загинати и две повредени лица е епилогот од стравичната сообраќајка која се случила утринава околу 11 часот на патот Македонски Брод-Прилеп, во близина на долненското село Ропотово.

Во несреќата учествувале автомобил „Лада Самара“ со битолски таблички управуван од М.Б. (46), „Мерцедес“ со кумановски таблички управуван од М.М. (69) од село Ложани и камион „Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управуван од Т.Д. од Куманово.

На самото место починале З.В. (66), сопатничка во „Ладата“ и возачот на автомобилот „мерцедес“. Со повреди се здобиле возачот и сопатничка во „Ладата“. И двајцата се пренесени во болница. Полицискиот увид е во тек, а сообраќајот е во прекин.