Синхронизирани како часовник: Како на шега ја изведоа „спиралата на смртта“

A

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот севернокорејски тандем во синхронизирано уметничко лизгање во двојки Риом Тае-Ок и Ким Џу-Сик, на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг предизвикаа бурни реакции и се прославија на социјалните мрежи со својот импресивен настап.

Нивниот прв олимписки настап ја „наелектризира“ публиката, танцувајќи со инструменталната обработка на песната „A Day in the Life“ и забележаа личен рекорд со вкупен резултат од 69,40. По нивниот настап, севернокорејските навивачи паднаа во транс, а слатката двојка го освои второто место на табелата.

Додека арената се тресеше од аплаузи, самодовербата на двојката, коментаторите ја препишуваат на бронзениот медал што го освои на Шампионатот на четирите континенти на уметничко лизгање, кој се одржа минатиот месец во Тајван. И покрај тоа што Риом и Ким се омилени спортисти во нивната родна Северна Кореја, тие, исто така, ја одушевија публиката со клучното движење, спектакуларната „спирала на смртта“.

Нивниот канадски тренер, Бруно Марко, чија сестра Џули ја смисли кореографијата за ЗОИ, вели дека двојката има извонредно движење, елегантно и класично и дека нивната синхронизација и експресивност се најсилната точка за кај публиката да разбуди „неверојатни емоции“.