Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Личниот адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Мајкл Коен изјавиј дека исплатил од свој џеб 130.000 долари на порно актерката која наводно имала секс афера со Трамп во 2006 година.
Во писмена изјава за New York Times, Коен наведе дека ниту организацијата „Trump“, ниту луѓето задолжени во претседателската кампања немале врска со исплатата на парите кои тој ѝ ги исплатил на Стефани Клифорд, во порнографската индустрија позната како Сторми Даниелс (Stormy Daniels).
Тој ја потврди исплатата за која тврди дека била апсолутно законска, но одби да наведе детали.
„Ниту организацијата Trump, ниту кампањата од Трамп не беа учесници во трансакцијата со госпоѓата Клифорд, ниту пак ми го надокнадија износот кој го исплатив, ниту директно, ниту индиректно“, наведе Коен.
Американските медиуми наведоа дека исплатата била извршена месец дена пред претседателската кампања во САД во ноември, 2016 година, со цел наводите за сексуалните односи на Трамп, тогаш бизнисмен, не излезат во јавност.
Стефани Клифорд изјави дека имала сексуални односи со Трамп во јули, 2006 година, после еден голф турнир на езерото Тахо, во туристичката област помеѓу државите Калифорнија и Невада.