Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Типкава се вика Кети Курик и е спортска коментаторка на американската NBC која го привлече вниманието на „социјалата“ со нејзината „бравурозна“ анализа за успехот на Холанѓаните во лизгање додека ги најавуваше на отворањето на зимските Олимписки игри во Пјонгчанг.
Холанѓаните биле толку добри во брзо лизгање, затоа што каналите на Амстердам зимно време замрзнувале и тие наместо да користат јавен градски превоз се лизгале по каналите.
Нормално, како што тоа бидува, на ваква глупава и безвезна теза следеше безмилосно и јако тролање на интернет, а меѓу духовитите коментари на Холанѓаните, еден од појаките вели: „Летно време пак ние со пливање одиме на работа, но за тоа ќе слушнете на наредната Летна Олимпијада“.
Е сега, реално, каналите во Амстердам толку многу ретко замрзнуваат, што одвај по некој жител на Амстердам ќе се осмели рекреативно да се полизга.