Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Учителката од прво одделение Џослин Морфи доби отказ од католичкото училиште откако објави фотографија од нејзината венчавка.
Морфи, која предаваше во школото Свети Петар и Павле во изминатите седум години, беше отпуштена еден ден после нејзината венчавка со нејзината истополова партнерка.
Во писмото од директорката Карлот Моралес, која ги известува родителите за „тешката и неопходна одлука“, едноставно пишува дека Џослин нема веќе да држи настава во школото.
Но, еден ден откако беше отпуштена, Морфи објави порака на Инстаграм, откривајќи ја својата страна од приказната.
„Овој викенд се венчав со љубовта на мојот живот и за жал, како резултат на тоа, бев отпуштена од работа. Во нивните очи јас не сум вистински пример за католик со својот избор за истополов партнер“.
Портпаролката од надбискупијата во Мајами заклучи дека Морфи го прекршила договорот кој го потпишала кога почнала да работи во католичкото училиште, а во кој стои дека секој вработен во школото е должен да придржува до моралните и етичките методи во склад со католичките принципи.
„Начинот на кој го направија ова е неверојатен“, вели Кристина Лопез, чиј син бил еден од учениците на Морфи, додека стои покрај другите огорчени родители собрани пред школото.
„Знаете, за да бидеш католик, мора да знаеш да простуваш. Но, ако си геј, заборави на тоа“, луто рече Синтија Сини, мајка на друг ученик.
Авокатката на Мрофи, Ерика Канас, изјави дека ја разгледуваат можноста за тужба.