Ешли Греам обожава да се шетка гола низ дома – сега знаеме и зошто


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Секси „плус-сајз“ манекенката Ешли Греам знае како да ја одржи свежа и на ниво својата врска со Џастин Ервин. Таа неодамна изјави дека тие двајца често знаат да се шетаат голи по дома.

„Сакаме заедно да шетаме голи низ дома, тоа секогаш ги одржува нештата свежи“, вели Ешли.

Греам долго време се бави со ангажмани во светот на модата и со својот пример и кампања сака да покаже дека жените треба да се чувствуваат самоуверено и убаво во својата кожа и тело. Досега ја имаат ангажирано речиси сите познати модни брендови.