Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Големото откритие на Милан оваа сезона, Патрик Кутроне не престанува да воодушевува со своите настапи.
Младиот напаѓач е прв стрелец на „росонерите“ оваа сезона и ја оправдува довербата од Џенаро Гатузо.
Кутроне постигна два гола на гостувањето кај СПАЛ и со тоа стана вториот најдобар фудбалер до 20 години во Европа.
Единствено Килијан Мбапе е со подобри показатели од напаѓачите во Топ 5 европските првенства. Францускиот репрезентативец оваа сезона со сега има постигнато 15 гола во сите натпреварувања, а Кутроне има точно 12 погодоци.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе спремил нов договор за 19-годишниот напаѓач со значително зголемување на платата.