Лош планински викенд: На Шар Планина спасени шестмина скијачи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шестмина скијачи кои вчера се загубиле за време на скијањето на Попова Шапка, синоќа беа пронајдени живи и спасени од кобни последици, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Околу 17. 30 часот во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец, заедно со косовскиот државјанин М.З. и пријавиле дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала. Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“ , во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак се спуштени кон Полициското одделение Попова Шапка“, велат од МВР.