Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многу луѓе не можат лесно да го пронајдат својот совршен партнер за секс, бидејќи не знаат кои се карактеристики се потребни за тоа.
Сексолозите издвоија неколку карактеристики кои совршениот паркер за секс мора да ги поседува:
1. Хигиена
Секој сака да води љубов со личноста која се грижи за чистотата и хигиената, па тие се важни фактори. Одберете партнер кој води сметка за своето тело. Исто така, не треба да се занемари ни депилацијата, бидејќи премногу влакна создаваат неудобност. Меката, чиста и миризлива кожа е привлечна за секому.
2. Оралниот секс не треба да биде проблем
Вие сигурно знаете што ви прија на вас, па така покрај себе треба да имате партнер кој нема да се двоуми кога треба да ве задоволи. Ако се работи за орален секс, тој не мора да биде редовен, но треба да се практикува барем повремено и зависно од расположението на партнерот. Оралниот секс дополнително може да го „зачини“ вашиот сексуален живот.
3. Да биде авантурист
Интимноста и страста исчезнуваат ако имате “досаден” партнер кој се впушта во сексуални односи “ради реда”. Кога бирате партнер, бидете сигурни дека ќе направи се за да ја истражи својата авантуристичка страна и да биде отворен за нови сексуални задоволства, кои би можеле да вклучуваат различни секс играчки, заеднички купки, нови пози и љубовни игри.
4. Иновации
За секоја врска се корисни промените и динамиката, па се препорачува воведување на нови работи и во сексуалниот живот. Пронајдете партнер кој е подготвен да проба нови пози, да користи секс играчки, да ги истражува новите начини на доживување на оргазам и слично.
5. Секси тело
Проблемите со тежината не би требало да бидат препрека за сексуалните односи, но секогаш е подобро да се биде во добра форма. Секси телото и флексибилноста го унапредуваат искуството и перформансите во спалната соба.
6. Фантазии
Клучот за уживање во сексот е комуникацијата. Партнерите треба да разговараат за своите соништа, желби и фантазии. Побарајте партнер кој ќе ви посвети доволно внимание, ќе разговара со вас за неговите и вашите фантазии и со леснотија ќе ги оствари.