Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вработените во компанијата Apple се селат во новото седиште вредно 5 милијарди долари. Станува збор за кампусот наречен Apple Park, а вработените на Инстаграм ги споделија првите фотки од внатрешноста на овој импозантен објект.
Apple Park се простира на површина од 708.200 метри квадратни и во него има место за 12.000 вработени. Влезот во популарниот „прстен“ уште е дозволен само за вработените во технолошкиот гигант и за посебно поканети гости.
Починатиот директор на Apple, Стив Џобс, новото седиште го спореди со вселенски брод кога ја предложи неговата изградба во 2011 година. Неговиот интерес за дизајнот влијаеше на изгледот на зградата.
Џобс почина во октомври, 2011 година, а во негова чест е изграден амфитеатар со 1.000 седишта наречен Steve Jobs Theater.
Соларниот покрив од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите на светот, а зградата ќе има природна вентилација. Поради дизајнот нема да има потреба од греење и ладење во текот на девет месеци од годината.
Apple Park поседува и скоро 9.000 стебла и шеталиште долго 3 километри, а вработените ќе можат да вежбаат во теретана.