Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопственикот на едно кафуле се соочува со можна казна затвор откако атрактивна девојка која работи како модел се раслекла гола и почнала така да ги служи гостите.
Ариса Суванвонг, која е позната под „уметничкото“ име „Џенае со големите цицки“ гола ги служела гостите во кафулето Coffee On The Day, додека газдата на кафулето Прасон Сукорн, ја фотографирал како служи во разголено издание.
На видеото кое е објавено на интернет се гледа како таа, надвор од кафулето во Чонбури, Тајланд, ги мами муштериите држејќи ги своите голи гради со зборовите дека „кафето е толку добро затоа, и користат многу млеко“.
Сукорн сега се соочува со казна затвор од три до пет години и парична каза од 100.000 тајландски бахи. Тој изјави: „Немаше никаква намера за сексуална или било каква друга навреда. Сликите ги објавив на интернет во маркетиншки цели за кафулето. Се извинувам за тоа“.
Кафулето е сега брзо отворено, па газдата сакал да направи атрактивна маркетинг пропаганда за да си го промовира истото. Бидејќи моделот не е целосно разголена (носи престилка), тој мислел дека не крши никаков закон. Но, нештата во реалност стојат малку поинаку. Многу гневни и револтирани граѓани од ваквиот потег се почувствувале навредени и го пријавиле, па сега над глава му висат решетки за тој негов потег.
22-годишната Суванавонг и нејзината пријателка Мингомут Конгсавас (21), изјавија дека им е жал за Суконр бидејќи кафулето штотуку почнало со работа, па тие се понудиле да помогнат за промоција.
„Не добив никакви пари. Тоа го направив со добра намера, да му помогнам на кафулето да се пробие на пазарот. Се извинувам за тоа што го предизвикав. Се надевам дека луѓето ќе им простат. Не знаев дека толку луѓе можат да се навредат и разлутат поради тоа“, рече таа.