Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра се враќа во Премиер лигата.
Англиските медиуми потврдија, Евра постигнал договор со Вест Хем и како слободен играч ќе потпише договор со „Чеканите“.
Дејвид Мојес, кој соработуваше со Евра во неговата последна сезона на „Олд Трафорд“, го повика на помош Французинот во битката за опстанок.
Французинот денес пристигна во Лондон и присуствуваше на тренингот на „чаканите“, па се очекува наскоро и официјализација на трансферот.
BREAKING: @Evra has arrived at @WestHamUtd’s training ground and is expected to sign for the club later today. #SSN pic.twitter.com/MkKa8mBesO
— Sky Sports News (@SkySportsNews) February 7, 2018