Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата ѕвезда на Њујорк Никс, Кристапс Порзингис доживеа тешка повреда на коленото поради која ќе мора да паузира 6 до 9 месеци.
Порзингис се повреди тешко при поразот од Милвоки со 89: 103 во „Медисон Сквер Гарден“, а по прегледот на магнетна резонанца беше објавено дека Латвиското крило има скинати лигаменти на левото колено.
Порзингис сезонава игра во фантастична форма и има скор од 22,9 поени и 2,4 блокади по натпревар, па ова сигурно ќе биде тежок удар за Никси.
Закрепнувањето од таквите повреди варира помеѓу 6 и 9 месеци, што значи дека крилото ќе го пропушти и остатокот од оваа сезона и почетокот на следната.