Топ 10: Најдобрите кабриолети во историјата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оваа форма на автомобил е стара колку и автомобилите. Со текот на годините еолуираше во се покомплицирана, но паралелно растеше и цената.

Кабриолетите се уште се синоними за богатство или барем лесен живот. Тие се потешки, многу бучни но само еден поглед кон ѕвездите и ќе се заљубите во кабриолетот.

Jaguar E-Type (насловната фотографија)

Веројатно ова е и најпознатиот Јагуар. А воедно и финалист на бројните избори за најубав автомобил во историјата. Тој посебно е атрактивен во „топлес“ издание.

Ferrari 250 GT Spyder (LWB)

Ред е одма да се спомене и еден Ferrari. Во морето од убави автомобили 250 GT е автомобилот кој редовно ги туркаше рекордите на аукциите. Овој автомобил е со навистина многу стил.

Ford Mustang

Кога се во прашање кабриолетите, Американците се и тоа како за набројување. Овој автомобил претставуваше достапен класик, со естетски вредности. А благодарение на јакиот мотор и возењето со него е уживање.

Porsche 550 Speedster

Ова е автомобилот од кој се прават најмногу копии. Секако тој е и една од причините зошто 911 моделот е најпопуларен спортски автомобил во светот.

Chevrolet Corvette (C1)

Најславниот американски суперспортски автомобил. Започнува како класичен автомобил, а продолжува со моќен В8 мотор, и естетика која е врв на американската автомобилска индустрија.

Cadillac Eldorado

Кога сме кај Американците, мора да се спомене и уште еден класик. А тоа е Елдорадо, моделот кој го прослави Кадилак, во целиот свет.

Lincoln Continental

Позади ова име се крие можеби најлегендарниот кабриолет на сите времиња. Изграден е во духот на американски поим за комфорт и луксуз.

Bugatti Veyron

Овој автомобил е најбрз на светот и тоа двете изведби, со кров и без. А тој факт го става на оваа листа.

Shelby Cobra

Уште еден легендарен автомобил од 1960 година. Од овој автомобил се нарпавени многу копии, но кога зборуваме за оригиналот, тоа е вистинска легенда.

Aston Martin Vanquish Volante

Каков избор би бил а да не се спомене Астон Мартин. И овде може да се одделат уште многу супериорни кабрилети, но оваа листа е премала за сите тие.