Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Задникот е, да не се лажеме, голем хит во последниве години, па тренинзите за него станаа многу барани и популарни.
И сами подлегнавме на тој тренд, а во потрага по уште подобри вежби откривме супер интензивен тренинг од славната инструкторка Џилиан Мајклс.
На неа секогаш може да сметаме дека ќе избереме вежби со кои сигурно следното утро нема да можеме лесно да станеме.
За тренингот кој го претставила на својот Инстаграм профил ви треба клупа и два тегови, но може и без нив.
Конечната вежба е таа која ќе ве доведе до солзи, а истото може да го погледнете на видео снимките и да се прилагодите како што вам ви одговара.
Ако сте навистина надпросечно спремни, па дури и овој тренинг не ве натера на плач, слободно пробајте ги и двата додатни.