Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога станува збор за изглед, веѓите значително може да го подобрат изгледот на лицето. Убавите веѓи даваат помлад изглед.
Доколку не одите во козметички салони со помош на овие 4 масла може да ги негувате.
Маслиново масло
Тоа е богато со витамини А и Е, кои го поттикнуваат растот на косата. Се што треба да направите е да нанесете неколку капни од ова „магично“ масло и кратко да измасирате.
Кокосово масло
Кокосовото масло е многу достапно и исто така го подобрува растот на веѓите. Тоа ја хидрира кожата ппод окото и влијае на густината. Ова масло се нанесува пред спиење, а се отстранува дури следното утро.
Рицинусово масло
Е едно од најефикасните кога станува збор за густина на веѓите. Богато е со протеини и масни киселини, го подобрува квалитетот на влакната и поттикнува раст. Чистото рицинусово масло може да предизвика иритација па затоа треба да го тестирате пред употреба.
Бадемово масло
Тоа масло содржи антиоксиданти и витамини што влијаат на растот. Но исто така ја омекнува и кожата, што резултира со поквалитетни влакна. Нанесете го ова масло на веѓите и лесно масирајте, а по неколку часа отстранете го.