Фрапантни бројки: Околу 4.000 лица во Македонија починале од карцином во 2016


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бројките со кои излезе како статистички податоци Институтот за јавно задравје, поврзани со карциномните заболувања, се навистина загрижувачки и фрапантни. Особено загрижува процентот на починати од карцином на бели дробови.

Во Македонија во 2016 година од рак починале 3.882 лица, повеќето мажи, најмногу заболени од карцином на бели дробови, а скопскиот регион предничи со абнормални заболувања, соопшти денеска Институтот за јавно здравје по повод 4 февруари – Светскиот ден за борбата против ракот.

Според податоците, стапката на морталитет се движи од 183.3 на 100 илјади население во 2010 година на 187.3 во 2016 година, а после скопскиот регион кој е со најголем морбидитет следен е пелагонискиот со 126.2 жители на 100 илјади население кои се лекувани во болнички здравствени установи од малигни неоплазми.

Дел од клучните пораки за превенција од ракот според Институтот е да се креираат здрави учлишта, здрави работни места, подобар пристап до нега на заболени од рак и инвестиција во контрола на ракот.

Малигните неоплазми со учество од 20 до 25 проценти се втор причинител за смрт во развиените земји во светот веднаш по кардиоваскуларните болести. Ракот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво.