Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште еден скандал поврзан со педофилија ја тресе католичката црква. Овој пат вознемирувачката случка доаѓа од Велика Британија.
Џејмс Леј, иден свештеник во Велика Британија кој бил дел од богословската семинарија, мислел дека разговара со малолетно момче на 14-годишна возраст преку Grinder, додека во суштина правел муабет со членови од групата „Guardians of the North“ („Чуварите од север“, кои се претставуваат како малолетни деца за да ги фатат на дело педофилите на интернет.
Grinder е апликација насочена кон мажите со хомосексуална и бисексуална ориентација, осмислена да им помогне да запознаат други мажи во својата околина.
На апликацијата Grinder членовите на споменатата група направиле лажен профил на малолетно момче, со кое Леј мислел дека ќе се сретне вечерта кога бил фатен.
„Да се појавеше дете, ќе му го уништеше животот“
Кога бил фатен на договореното место со наводното малолетно момче, Леј најпрвин негирал дека договорил состанок и велел дека не прави ништо лошо. Потоа го зел својот мобилен, на што екипата помислила дека сака да ги избрише разговорите со „момчето“, па му го одзеле истиот.
Го прашале какви „фасцинации“ има од децата, додека тој одговорил дека нема такви и тврдел дека не прави ништо, а потоа, кога сфатил дека бил фатен на дело, само рекол „Боже мили!“.
„Да ти кажам нешто, ако вечерва овде се појавеше дете, ти ќе му го уништеше животот“, му рекол еден од екипата Guardians of the North.
Праќал интимни фотографии на момчето
За време на нивниот разговор, Леј на „момчето“ му праќал интимни фотографии, а меѓу другото, му велел и да не се тушира, бидејќи тој „сака испотени тинејџери“.
За време на договарањето на состанокот, 30-годишниот иден свештеник живеел во Њукасл со католички свештеник, во склоп на неговата обука за свештеници.
Сега е во затвор, откако ја призна вината за обид да организира состанок со „малолетното момче“ и да развие врска со него со цел сексуално да го злупотребува.
Снимен како се појавува на договорениот состанок
Guardians of the North го снимиле Леј како доаѓа на она за кое мислел дека е состанок со 14-годишното момче со кое разговарал на Grinder. Требало да се најдат во авто парк, под закрила на ноќта. Леј првично негирал сè, кога ја видел камерата и сфатил дека е фатен на дело.
Обвинителката Ема Даулинг, пак, изјави дека Леј направил лажен профил под името Крис и преку него од „момчето“ дознал дека е малолетно и невино. Потоа тој го прашал момчето што може да прави и му предложил орален секс.
„Му пратил на момчето слика од својот пенис во ерекција и го прашал дали и тој има негова фотографија да му прати“, објасни обвинителката.
Година дена затвор и запишан во регистарот на педофили
Неговиот адвокат, пак, рекол дека Леј бил искрен и дека соработувал со властите и црквата од моментот кога бил уапсен, како и дека ќе ги прифати сите рестрикции кои ќе му ги одреди судот.
Леј доби казна затвор од една година за обидот што го направи. А запишан е и во регистарот на педофили.