Македонските атлетичари со последен тест пред Балканските игри


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Атлетската федерација на Македонија во соработка со атлетските клубови, изминатиот викенд беа гости, односно учесници на Националното првенство на Бугарија во сала за Сениори.

Натпреварите се одржаа во новата атлетска сала „Асикс Арена„ во Софија, каде воедно ќе се одржи и Балканското првенство за Младинци во сала. Ова за македонските атлетичари беше последен четврти тест натпревар, со кој се финализираше листата на Атлетичари учесници на претстојните Балкански игри во Сала за Младинци и Сениори кои ќе се одржат во Софија и Истанбул на 10-ти и 17-ти Фебруари 2018 година.

На натпреварот учество земаа поширок спосок на атлеичари , на кои Атлетската федерација на Македонија им овозможи шанса да ги потврдат своите резултати, а воедно и да се изборат за учество на Балканските првенства.

Во машка конкуренција во Софија најдобар беше Дарио Ивановски во дисциплината 1500 метри со време 3:54.09 и од него се очекува најмногу на балканските првенства. Во женска конкуренција пак, најуспешна беше Катерина Тимчевска, во дисциплината на 400 метри со време 59,03.

Вкупно учествуваа 15 атлетичари и 14 атлетичарки во различни дисциплини.