Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Отец Пимен денеска им се обрати на грчките архиерeи кои масовно излегоа на антимакедонските национал-шовинистички протести во Атина.
-И сега браќа архиереи од ГПЦ да ве прашам на денешен:
Ќе стоите ли и на портите на Рајот ако Господ Бог одлучи да нè прими во Царството Небесно, како денес што стоите на Синтагма и не нè сакате во ЕУ?
Ќе роптате ли против таткото како што во денешното евангелие негодуваше другиот брат на враќањето на својот блуден брат?
Сте читале дека ни желбата, ни одлуката е ни ваша, ни наша дури и за паѓањето на едно влакно од нашата глава.
Ајде иде Прочка, па белким и ум и покајание топтан!, напиша отец Пимен на Фејсбук.